Фудбалерите на Вардар утре ќе го одиграат последниот натпревар на домашен терен за оваа календарска година. Утре на ,,црвено – црните” им гостува одличниот тим на Македонија Ѓ.П, кој сезонава игра во одличен натпреварувачки ритам.
И двата тренери најавуваат дека утре ќе одат на три бода и победа. Кај Вардар, Васоски се чини дека и на овој натпревар нема да може да смета на Чарлс, кој сеуште е неизвесен. Кај противникот пак, екс играчот на Вардар, Филип Петров со сигурност нема да настапи поради жолти картони. Сите други играчи и двата тренери треба да ги имаат за настап.
Очекуваме еден интересен и возбудлив натпревар, на крајот секако со победа на Вардар. Дуелот започнува со почеток од 13 часот, а ќе има и ТВ пренос.