Friday ,20 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Есенскиот дел комплетиран, ЖРК Вардар ќе “зимува“ на 4.позиција
Есенскиот дел комплетиран, ЖРК Вардар ќе “зимува“ на 4.позиција

Есенскиот дел комплетиран, ЖРК Вардар ќе “зимува“ на 4.позиција

Со дуелиот Спартак-Пелистер одигран во средата во салата „Круме Кепески“ се спушти завесата на есенскиот дел од женската сениорска Скопско лига. Поради ковид-19 пандемијата истата се доигруваше изминатиот период. Конечно сите тимови одиграа по 12.меча па може со комплетно завршен есенскио дел да се замина на одмор.

По одигрувањето на сите кола позната е комплетната табела, на истата Вардар ќе “зимува“ како 4.пласиран. За разлика од изминатите две сезони кога на зимо заминувавме на 3.позиција оваа ќе паузираме на скалило подоле. Сепак бодовната предност на екипите пред нас на позициите 2 и 3 е само два бода, двата тима кои не поразија на домашен терен, ќе треба  во пролетниот дел да гостуваат во Јане Сандански, тоа се тимовите на Чаир и Металург. Не сме далеку ни од лидерот кој има шест бода повеќе од нас, на пролет во игра се уште 36.бода па сите карти се отворени. Куманово како лидер има 11.победи и едно реми, она со нас во Скопје кога успаа да се спасат во последнот напад иако беа пред пораз.

ЕСЕНСКА ТАБЕЛА

received_985664078624010

Ристова и Царчев веќе го одржаа последниот тренинг со девојките за оваа 2020 година. Сега ракометарките на црвено-црниот тим се на одмор. Напролет ги очекува дуел во 1.коло од пролетниот дел на домашен терен. Прв ривал со кој би требало да стартуваме е тимот на ЖРК Стружанка, екипа која ја совладавме на гости со резултат 20:30 оваа есен.

Парови за првото пролетно коло се следни:

* РК КУЗМАН ВАРДАР -ЖРК ЧАИР 
*  РК ШАМПИОН-ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 
* РК ДЕСПИНА -ЖРК ГЕВГЕЛИЈА 
* ЖРК КУМАНОВО-РК СПАРТАК
ЖРК ВАРДАР-ЖРК СТРУЖАНКА 
*  ЖРК МЕТАЛУРГ-ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012