Кадетите на ФК Вардар одиграа одлична полусезона во која остварија седум победи на исто толку одиграни натпревари. Црвено-црните се промовираа во есенски шампиони, а го имаа и најдобриот напад со 24 постигнати голови.
Антонио Мирков е играчот кој заврши како најдобар стрелец во есенскиот дел. Вака изгледа листата на играчи кои ги постигнаа сите 24 голови во лигата и 1 во националниот Куп.
1. Антонио Мирков -5
2. Филип Ѓоргоски -4
3. Славче Живков -3
4. Бесар Гуџуфи, Петар Давидовски, Дарио Јовановски и Георг Стојановски -2
5. Лео Андрески, Филип Ѓорѓиевски, Сулејман Исмаиљи, Андреј Стојчевски и Петре Тасевски -1