Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По една победа за двете млади репрезентации на заедничкиот камп во Охрид, настапи имаа и вардаровите играчи
По една победа за двете млади репрезентации на заедничкиот камп во Охрид, настапи имаа и вардаровите играчи

По една победа за двете млади репрезентации на заедничкиот камп во Охрид, настапи имаа и вардаровите играчи

Изминативе денови, два контролни натпревари во Охрид одиграа младите репрезентации на Македонија до 19 и 21 година. На заедничкиот камп кој се одржа во Охрид, двете селекции имаа два меѓусебни дуели, по еден триумф им припадна на двете екипи.

На првиот дуел, славеше повозрасната Македонија У21 која триумфираше со резултат 3:1, додека вториот натпревар исто така заврши со овој резултат, но во корист на Македонија У19.

На двата натпревари во стартниот состав на Македонија У19 се најдоа вардаровите играчи, Мартин Радуловиќ-Величковиќ и Виктор Крстевски, додека во второто полувреме во игра влегуваше и Дамјан Трајановски. За Македонија У21 на првиот натпревар во првите 11 беше Александар Ѓурковски, додека на вториот меч влезе од клупата во вториот дел од натпреварот.

Целта на кампот во организација на селекторите на двете репрезентации, Благоја Милевски и Шкумбин Арслани е да им се даде шанса на фудбалерите, пред сѐ од домашниот шампионат да ги покажат своите квалитети и евентуално да се изборат за место во составот на важните квалификациски натпревари кои ги очекуваат двете репрезентации следната година.