После завршување на Светското првенство во Египет, за екипата на РК Вардар претстои пеколен распоред на натпревари во ЛШ. Со оглед дека одиграа само пет натпревари во првиот дел од сезоната, црвено-црните ќе мораат да одработат во месец февруари. Дури четири сврзани гостувања ги очекуваат во ЛШ, во период од само десет дена.
Вардар го очекуваат седум натпревари во ЛШ во месец февруари:
Порто – Вардар (04.02.2021)
ПСЖ – Вардар ( 09.02.2021)
Фленсбург – Вардар ( 11.02.2021)
Пик Сегед – Вардар ( 14.02.2021)
Вардар – Пик Сегед ( 17.02.2021)
Вардар – Елверум ( 21.02.2021)
Елверум – Вардар ( 24.02.2021)
Колку од овие натпревари ќе се одиграат останува да видиме.