Како што објавивме пред веќе скоро десет дена, Александар Васоски седнува на клупата на Академија Пандев. Неговата промоција ќе биде утре во Струмица.
Покрај него, ,,Вардар Фанс” дознава и кој асистент го избра Васоски за негов помошник во новиот тим. Одлуката паднала на некогашниот стопер и капитен на ФК Вардар, Раденко Бојовиќ. Бојовиќ му беше еден од асистентите на Васоски во Вардар, а сега продолжуваат и заедно во новиот тим.
Не е тајна дека оваа ,,двојка” има намера да донесе и неколку фудбалери токму во Струмица од Вардар. Веќе договорени засилувања се Мартинага и Стојчевски, а истото треба да се случи и со младиот Крстевски. Силен интерес има и за уште неколку играчи од таборот на ,,црвено – црните”.