Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ на својата Фејсбук страна објавија нова статија.
Објавата на „Комити“ во целост:
Нашето Скопје горело на 25-ти Октомври, 1689г. кога Генералот Пиколомини го запалил до темел…
На 16-ти Ноември 1962г. поради обилни дождови, Вардар се излева од коритото и го поплавува Скопје…
26-ти Јули 1963г. Земјотрес го разорува Скопје, го уништува речиси до темел и засекогаш го менува лицето на градот…Тагата поради големиот број жртви од земјотресот го тера ФК Вардар да ги смени клубските бои, белата ја заменува со црна, и од тогаш ФК Вардар носи црвено-црни бои на дресот.
.
Но никој во богатата историја на градот – владетели, војсководци, освојувачи, окупатори, цареви, кралеви, не се осудил да го запре Вардар, особено не од 1947-ма наваму.