Со одигрување на последните натпревари од регуларниот дел на сезоната, познати се екипите кои ќе играат во плеј-офот во машката ракометна супер лига. Вардар и Еурофарм Пелистер не играа во овој дел од сезоната, но затоа со настапи ќе започнат во плеј-офот.
Екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел, Охрид, Пролет, Струга и Еурофарм Пелистер 2 ќе се борат за титулата во најсилната супер лига, во која актуелен освојувач е тимот на Вардар.
Предвидено е натпреварите од плеј-офот да започнат на крајот месец февруари.