Македонската ракометна репрезентација го доби првиот пријателски натпревар против селекцијата на Чиле. Иако не играа Лазаров и Стоилов, сепак избраниците на Брестовац триумфираа со резултат 25:21 на натпревар кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански.
Во текот на целиот натпревар, Македонија беше во предност, која ја задржаа до крајот на дуелот. Иако на моменти, Чиле се закануваше на нашето водство, сепак квалитетот и искуството беа на наша страна. На полувреме имавме предност од четири голови (15:11) додека со истава позитива го завршивме и натпреварот.
На овој натпревар во комбинација беа двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Марко Мишевски кој постигна два гола и Филип Талески кој не се запиша во листата на стрелци. Дел од стручниот штаб е Александар Царчев кој е тренер на голманите, а неговите избраници имаа свој удел во победата над Чиле.