Иван Чупиќ е единствениот ракометар кој успеал со две различни екипи за две години да освои две Европски титули. Тоа му успеа со екипата на Киелце во 2016 година, за следната година и со Вардар да ја освои Лигата на Шампионите, додека во 2019 година уште еднаш со Вардар се искачи на врвот на Европа.
Изминативе денови низ медиумите се појавија информации дека Чупиќ после завршување на СП може да го напушти Вардар, но нашето десно крили ги демантира овие информации. Во интервју за „спортски новости“, Чупиќ открива дека секогаш предност ќе има Вардар.
-Вистината е дека имам договор со Вардар до јуни 2021 година. За мене, секогаш Вардар ќе биде приоритет и ќе одлучи што понатаму. За информацијата што излезе во медиумите дека заминувам после завршување на СП, сакам да кажам дека нема никаква вистина. Јас, немам информација дека некој го контактирал Вардар. Напоменував и претходно дека ќе останам во клубот, дека ќе се одржи на ниво и тоа го направив.
-Секако дека има понуди, но ќе повторам, Вардар е тој што одлучува. Ако сакаат да ме задржат ќе мора набргу да се изјаснат.