Селекторот на хрватската ракометна репрезентација го објави конечниот список од 20 ракометари кои ќе патуваат на СП во Египет кое стартува од утрешниот ден.
Меѓу патниците се најде и еден играч на Вардар, се работи за искусниот Иван Чупиќ кој заедно со Златко Хорват ќе играат на десната крилна позиција. На списокот се најдоа и поранешните вардарци, Лука Циндриќ и Игор Карачиќ, додека место немаше за Ловро Јотиќ од Вардар. Во подготвителниот период, Хрватска одигра два дуели кои ги доби во своја корист против селекциите на Унгарија и Шпанија.
Првиот натпревар на СП, селекцијата на Хрватска ќе го одигра во петок, кога за противник ќе ја има селекцијата на Јапонија.