Од денес стартува Светското ракометно првенство во Египет, на кое ќе учествува и селекцијата на Македонија. Откако Чешка се откажа од настапот поради големиот број на позитивни играчи од Ковид-19, Македонија ќе го потполни испразнетото место и ќе се натпреварува во групата Г, заедно со домаќинот Египет, потоа Шведска и Чиле.
Селекторот Брестовац го објави списокот од 20 ракометари кои ќе отпатуваат за Египет. На истиот се најдоа и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Димитар Димитриоски ( лево крило), Филип Талески ( лев бек), Марко Мишевски ( среден-лев бек) и Стојанче Стоилов ( пикер).
Првиот натпревар го играме на 14.јануари против селекцијата на Шведска.