Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Не е во натпреварувачки ритам, но веруваме дека ќе го имаме ,,Супер Столе” на СП!!
Не е во натпреварувачки ритам, но веруваме дека ќе го имаме ,,Супер Столе” на СП!!

Не е во натпреварувачки ритам, но веруваме дека ќе го имаме ,,Супер Столе” на СП!!

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во Каиро, каде вечерва ќе го одигра својот прв натпревар на СП, a противник ќе ни биде репрезентацијата на Шведска. Нашата селекција се наоѓа уште во група заедно со Египет и Чиле.

Иако и репрезентацијата на Шведска се соочува со низа на проблеми и отажувања на неколку солидни ракометари, сепак и нашата селекција не е доволно воиграна, а и негативен податок е што немаше многу време за подготовка за ова СП.

Еден од главните адути на Македонија на ова СП ќе биде капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов. Стоилов несомнено дека ќе го даде и последниот атом од силите за победа, но еден од проблемите би можел да биде тоа што Стоилов долго време нема одиграно натпревари и е надвор од натпреварувачки ритам. Колку тоа може да се одрази на самиот ракометар и на играта на нашата репрезентација останува да видиме вечерва.

Ние сме цврсто убедени дека Стоилов ќе одигра маестрално СП, како и години, години наназад.