Вардарци во некомплетен состав се подготвуваат за вториот дел од сезоната. Недостастуваат вкупно шест ракометари кои се дел од СП, но црвено-црните и без нив напорно тренираат во пресрет на предизвиците кои ги очекуваат.
Првиот официјален натпревар во новата година ќе биде на 28.јануари кога на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на Војводина, на дуел од првото коло во СЕХА-лигата. Веќе се познати термините и саатниците за првите три дуели на Вардар во ова натпреварување.
28 јануари 2021
Вардар 1961 – Војводина (17:45 часот)
1/2 февруари 2021
Вардар 1961 – Нексе (20:15 часот)
27 февруари 2021
Мотор Запорожје – Вардар 1961 (20:15 часот)