Во текот на утрешниот ден, Вардар ќе го одигра својот прв официјален натпревар во новата година. Се работи за дуел од првото коло во СЕХА-лигата. Во С.Ц Јане Сандански ќе гостува екипата на Војводина.
Вардарци некомплетни ги стартуваа подготовките, со оглед дека шест ракометари беа дел од СП во Египет. Во пресрет на овој натпревар, голманот на Вардар, Борко Ристовски ги искажа своите очекувања.
-Нè очекува еден неатрактивен натпревар од СЕХА лигата против Војводина. За јавноста не е привлечен, но за нас е многу важен, бидејќи сакаме да го започнеме овој втор дел од сезоната со победа. Поради ситуацијата со коронавирусот и репрезентативците кои беа дел од СП бевме некомплетни во претходните неколку недели. Мора да бидеме претпазливи и да пристапиме сериозно, без разлика на неатрактивниот противник. Сакаме да фатиме континуитет на добри резултати, особено во пеколниот февруари, кога се надеваме на што повеќе бодови во Лигата на шампионите, но и во СЕХА лигата“
Натпреварот утре ќе стартува во терминот од 17:45 часот.