Со пораз започна новата година во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар. Иако во најголем дел од дуелот бевме во игра за освојување на бодови, сепак на крајот „потклекнавме“ па екипата на Порто излезе како победник на меч кој се одигра на нивни терен.
Вардар добро го започна дуелот кога имаше четири голови предност, но како одминуваше дуелот правеше многу технички грешки во нападот, кои на крајот не чинеа четврти пораз сезонава, во рамките на групната фаза.
После завршување на натпреварот свои изјави дадоа Алушовски и Валчак.
Честитки за Порто за победата. Бевме добри на стартот на мечот, посебно во одбраната. Но имавме проблеми со нападот. Порто беше добар во брзите контранапади. Ги казнија сите наши грешки со брзи голови. Во последните десет минути направивме многу грешки во нападите, во додавањата. На Порто му посакувам се најдобро, а ние мора да ги поправиме сите грешки за понатаму. Имаме многу натпревари во овој месец февруари”, истакна Алушовски.
Почнавме одлично во одбраната и со реализирање на лесни голови од контранападот. Но по неколку минути тоа престана да функционира и влеговме во проблеми. Во финишот исто така одбраната не беше лоша, но проблемот беше во нападот. Порто го искористи тоа да постигне лесни голови. Тешко е да се игра долго време 7 на 6, ние исто така пропуштивме неколку обиди на празен гол”, изјави Валчак.