Акцијата на популарните „Комити“ Купи билет, за спас на ФК Вардар бележи постојан раст. На осум дена до натпреварот со Пелистер, ,,Комитите” објавија дека ја распродале целата Западна трибина и дека сега преостанува уште еден голем чекор, а тоа е да се распродаде целиот стадион до натпреварот.
.
Соопштението на „Комити“ ви го пренесуваме во целост:
.
Долго време секој од нас барем еднаш сонувал, што би било и какво ни било чувството кога би го наполниле култниот Запад.
.
Нека се знае дека ЗАПАДНАТА ТРИБИНА Е РАСПРОДАДЕНА! На 8 дена пред почетокот на натпреварот. Сега нема запирање !
.
Сега сите вие заедно со нас и се што значи Вардар, да го оствариме нашиот заеднички сон. На еден домашен натпревар да направиме да биде – Полн Градски Стадион !