Денес, петок 12/02/2021, кадетскиот состав на ЖРК Вардар ќе го одигра својот прв контролен дуел во 2021 година. Девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваа кај тимот на РК Спартак Кисела Вода.
Дуелот ќе се игра од 15-30 часот во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода. Младите дами ќе се обидат уште еднаш да го совладаат суперлигашот, тоа им појде од рака лани, на 1.септември во истата сала ги совладавме „спартанки„ со минимални 29:30. На тој дуел настапивме и ослабнати без капитенот Коловска Александра, прв стрелец беше неприкосновената , Борјана Коцева, која погоди дури седум пати, пет гола беа дело на Бојана Коцева. Мила Пешиќ стрелаше во 4 наврата, две девојки имаа по три гола, Равојска Јана и Наталија Максимовска. Голманките имаа одличен перформанс, тие сопреа 37% од ударите на ривалките, односно вкупно 17.топки. Леа Христоска одбрани 9 удари кон нејзиниот гол, а Вероника Ѓорѓиевска сопре 8 топки на овој дуел.