Дербито во регионалната СЕХА-лига се игра во С.Ц „Јане Сандански, истото е закажано за во четврток во 17:45 часот. Црвено-црните ракометари на дуелот со истиот противник во Хрватска беа поразени првпат во оваа регионално натпреварување сезонава со резултат 30-25. Тренерот на Вардар шпанецот Раул Гонзалес кој сака да оствариме победа за да се доближиме со сигурни чекори до Ф-4 вели:
- Ако сакаме да играме на Ф4 мораме да победиме со Загреб. Сега сме на трето место и со победа би биле второпласирани. Треба да играме добро во одбрана, како на натпреварот со Колдинг. Загреб има добри млади играчи, но и некоолку искусни. Ќе мораме да ги користиме шансите, бидејќи Загреб знае многу бргу да казнува во контранапади. Карачиќ нема да игра, има повреда на коленото, а другите играчи ќе бидат истите што беа и против Колдинг. Можеби и Ангелов ќе брани, но играчите остануваат исти- изјави Гонзалез Раул.
Капитенот Филип Лазаров ги покани навивачите на црвено-црните во четврточниот дуел со ППД Загреб, тој за овој Сеха меч го вели следното :
- Го дочекуваме натпреварот во добра атмосфера по Колдинг, ни доаѓа реномран противник кој е големо име на Балканот. На тренерска позција е Вујовиќ кој беше во Вардар, а има и играчи како Добривоје Марковиќ и Велко Маркоски кои играле тука. Се очекува добар натпревар, што е добар предизвик за нашите навивачи да дојдат да го следат натпреварот, вели Филип Лазаров“ изјави капитенот на РК Вардар Лазаров Филип.