Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром првите пријателски натпревари во 2021 година ги имаа пионери, како и кадетите/младинците. За противник ја имавме екипата на Тетекс од Тетово, натпревари на кои остваривме половичен успех.
Вардар во комбиниран состав од играчи кои се родени 2002 и 2003 година одиграа контролен натпревар со екипата на Тетекс. На овој дуел славеше противникот со резултат 1:2. Стрелец на единствениот гол за црвено-црните беше Петре Тасевски, а на полувреме резултатот беше 0:1. На овој натпревар, тренерот Ивановски настапи со два различни состави
Вардар: Стојковски, Илиев, Симев, Шабани, Асани, Петејчук, Давидовски, Марковски, Хасани, Исени, Салиу ( состав во првото полувреме од натпреварот)
Вардар: Стојковски, Ѓоргоски, Трпезановски, Сељанац, Давков, Јовановски, Тасевски, Ѓеоргиевски, Исмаиљи, Живков, Саит ( состав во второто полувреме од натпреварот).
Пионерите на Вардар кои се предводени од Стефановски-Гаге немаа никакви проблеми во дуелот со Тетекс, совладувајќи ги високо со резултат 6:1. Дилемите околу конечниот победник беа решени во првиот дел од мечот кога резултатот беше 5:0. Левент Ибраим и Теодор Перковски постигнаа по два гола, додека еден беше дело на Горазд Попов.
Во вториот дел паднаа уште по еден гол во двете мрежи, стрелец кај Вардар беше Љавдрим.
Вардар: Ангелов, Каровски, Таневски, Ивановски, Ричков, Стоимов, Стојановски, Кузмановски, Ибраим, Перковски, Попов.