ФК Вардар ген.2006 денес на теренот при тренинг центарот на црвено-црните го пречека тимот на ФК Кул. Ова беше тест -напревар кој нашите момци го добија со четири разлика. Ние победивме со резултат 5-1 (0-0).
Тренерот Милан Коцески започна со овој состав: Данстак, Порчу, Јанковски, Крстевски, Николов, Лефковски, Нуредини, Ајетовиќ, Николовски, Танчев и Коловски.
Првиот дел помина во голема борба на двата тима, ривалот даваше отпор и играше цврсто. Истиот период заврши со почетните 0-0. За одбележување имаше по една шанса на двете страни, најпрвин ФК Кул се закани, но ударот мина крај голот на Андреј Данстак. Вардар имаше прилика на 5.минути до крајот на првиот период, Коловски Стефан влезе откосо мина еден чувар го исфрли голманот од игра, но за жал неговиот удар не заврши во мрежата.
Вториот период беше сосема различен, создававме дузина прилики и погодивме дури пет пати. Најпрвин Алтин Алији по еден соло продор стрелаше за 1-0, потоа истиот играч доби одлична топка од Николовски и ја удвои предноста на 2-0. Марко Николовски и самиот влезе во шанса која не ја претвори во гол. Набрзина поведовме и со 3-0, третиот гол за нас го постигна Нуман Ајетовиќ, а за 4-0 стрелаше Адмир Љатифи. Кул се закани два пати, но не погоди. Последниот гол за нас го постигна Андреј Величковски кој стрелаше за 5-0. Гостинот на 5.минути до крајот погоди за конечните 5-1.