Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Две младински екипи на ФК Вардар одиграа пријателски дуели со Тетекс
Две младински екипи на ФК Вардар одиграа пријателски дуели со Тетекс

Две младински екипи на ФК Вардар одиграа пријателски дуели со Тетекс

Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром првите пријателски натпревари во 2021 година ги имаа пионери, како и кадетите/младинците. За противник ја имавме екипата на Тетекс од Тетово, натпревари на кои остваривме половичен успех.

Вардар во комбиниран состав од играчи кои се родени 2002 и 2003 година одиграа контролен натпревар со екипата на Тетекс. На овој дуел славеше противникот со резултат 1:2. Стрелец на единствениот гол за црвено-црните беше Петре Тасевски, а на полувреме резултатот беше 0:1. На овој натпревар, тренерот Ивановски настапи со два различни состави

Вардар: Стојковски, Илиев, Симев, Шабани, Асани, Петејчук, Давидовски, Марковски, Хасани, Исени, Салиу ( состав во првото полувреме од натпреварот)

Вардар: Стојковски, Ѓоргоски, Трпезановски, Сељанац, Давков, Јовановски, Тасевски, Ѓеоргиевски, Исмаиљи, Живков, Саит состав во второто полувреме од натпреварот).

Пионерите на Вардар кои се предводени од Стефановски-Гаге немаа никакви проблеми во дуелот со Тетекс, совладувајќи ги високо со резултат 6:1. Дилемите околу конечниот победник беа решени во првиот дел од мечот кога резултатот беше 5:0. Левент Ибраим и Теодор Перковски постигнаа по два гола, додека еден беше дело на Горазд Попов.

Во вториот дел паднаа уште по еден гол во двете мрежи, стрелец кај Вардар беше Љавдрим.

Вардар: Ангелов, Каровски, Таневски, Ивановски, Ричков, Стоимов, Стојановски, Кузмановски, Ибраим, Перковски, Попов.