Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар покажа квалитет, лидерот ЖРК Куманово на „коленици“
Вардар покажа квалитет, лидерот ЖРК Куманово на „коленици“

Вардар покажа квалитет, лидерот ЖРК Куманово на „коленици“

Голема победа денес на контролен дуел и тоа со пресврт оствари ЖРК Вардар над лидерот на табелата Куманово. На мечот во Скопје девојките на Ристова и Царчев победија со резултат 35-31 (17-15)

Овој напревар подобро го отвори Куманово кој имаше почетни три гола предност, 0-3. Во 9.минута  се уште кумановски беа на таа дистанца, тие водеа со 2-5. Во 15.минута односно на половина од првиот дел, црвено-црните дојдоа до резултатска симетрија. Сосема го сменивме стилот на игра, гостинот грешеше под нашиот притисок и дојдовме до 10-10. Девојките покажаа „заби“ во овој дел.  Вардар направи целосен пресврт и поведе со 3.гола, ние фактички бевме во позитива од 6.погодока. Анулиравме три негатива и поведовме со исто толку. На одмор заминавме со резултат 17-15.

1

Вториот дел се играше гол за гол, на двете страни се до резултатот 22-19. Тогаш се смени нешто драстично на теренот, на нашиот гол влезе расположената Грујовска Симона. Таа блесна како што само она знае, па тоа во напад го наградуваа колешките. Ние поведовме со дури 7.гола повеќе од лидерот на табелата во женската супер лига. Кумановски беа немоќни во тие моменти, Вардар имаше предност од 29-22.  Гостинот успеа по неколку измени да се врати во ритам и да намали на 32-30, но Грујовска повторно фати зицери и удар од 9.метра што комплетно ги откажа гостинките. Сите девојки во тој период, но и претходно се бореа за секоја топка. Нашата одбрана денес блескаше, нападот е за секоја пофалба погоди 35.пати против вака силен ривал. Ние победивме со резултат 35-31, против тимот кој е лидер најсериозен кандидат за титула и значјно повозрасен од црвено-црните дами.

2

Најистакнат поединец денес беше Симона Грујовска која за 20.минути впиша 8.одбрани  со високи 45% успешност. Марија Галевска стрелаше 7.пати од 10.обида, 5.гола беа дело на Трпевска Ивона, три девојки погодија по 4.пати, пикерите Катерина Дамјаноска,Ивана Џатевска и 100%-та  денес Фани Ѓорѓиевска. Михаела Стојановска даде три гола, по два имаа Диневска Бојана и Златица Васевска. Илиќ допринесе со 4.одбрани (25%) и Трајкоска Јована имаше 2.интервенции.