Во сабота на 12 декември , на два дена по комплетирањето на последното есенско коло кое на програмата е утре ќе се одигра контролен натпревар помеѓу селекциите на домашните и странските играчи од Првата македонска фудбалска лига.Селектор на А-селекцијата на Македонија Игор Ангеловски ќе биде предводник на селекцијата составена од домашните фудбалери. За иста тој повика дури 4-ца играчи од редовите на нашиот Вардар.
Тој ги повика следниве играчи на црвено – црните : напаѓачите Дејан Блажевски-Шиле и Филип Ивановски, играчот за врска Бобан Николов, и левиот бек Дарко Глишиќ. За “странците“ кои ќе бидат под водство на тренерот на Шкендија, Шпетим Дуро, на овој дуел ќе настапи и нашиот дефанзивец црнагорецот Немања Мијушковиќ, а останатите интернационалци во вардаровиот табор и покрај добиените покани, нема да се најдат во тимот на Дуро поради однапред резервираните одмори во нивните родни земји. За напомена и во У-21 предводена од Боби Милевски повикан е П.Петковски. Со У-21 ќе се сретне и селекцијата на домашните играчи на 14 декември ќе одигра вториот тест меч против повиканите фудбалери во селективниот камп на селекторот на младата репрезентација.