Ракометарот на Вардар, Патрик Валчак, повторно се најде на списокот на повикани играчи за репрезентацијата на Полска, откако вардаровиот пикер настапи и на изминатото светско првенство во Египет.
Овој пат, Валчак, се најде во составот на Полска за претстојните натпревари во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година. Се работи за дуели против селекциите на Словенија и Холандија.
Валчак ќе има голема конкуренција на таа позиција со оглед дека во составот се најде и играчот на ПСЖ, Камил Сипжак.