Помладите пионери на ФК Вардар денес одиграа пријателски натпревар како подготовка за пролетниот дел од сезоната. Момците на Драган Стефановски-Гаге гостуваа во Ѓорче кај екипата на Македонија Ѓ.П, дуел на кој нашите млади надежи триумфираа со резултат 2:6.
Одличен натпревар одиграа вардарци кои и заслужено победија. Вардар во вториот дел го скрши отпорот на противникот, со оглед дека по првиот дел резултатот беше израмнет на 2:2. Горјан Цветков и Михаил Кузмановски постигнаа два гола, додека по еден беа дело на Филип Јовановски и Влатко Кулуковски.
Вардар: Филевски, Кулуковски, Таневски, Серафимов, Ристовски, Цветков, Спасиќ, Дошев, Курти, Јовановски, Величковски.
Влегоа уште и Илиевски, Цикарски, Петровски, Јакимовски, Веселинов, Радевски, Туша и Љавдрим.
Според најавите за следниот викенд е предвиден стартот на пролетниот дел во младинските лиги. Оваа генерација на Вардар ќе стартува од првото место.