Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Против Брест Мешков треба да пристапиме сериозно

Алушовски: Против Брест Мешков треба да пристапиме сериозно

received_223101216182243

Кормиларот на РК  Вардар, Стевче Алушовски  со свое видување за натпреварот против Мешков Брест, кој ќе биде последен за вардарци  во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Покрај очекувањата за мечот дава свое видување и на групната фаза:

Ова е последен меч во групната фаза од ЛШ сезонава.Важен натпревар за нас, и ако се биде според најавите би требало да бидеме на 6. место на табелата и би играле веројатно со Кил. За нас е најважно што треба да ја подигаме формата, да се докажуваме на секој натпревар. Она последното гостување во Украина не бевме на нивото на кое треба да сме. Можеби од објективни причини, бевме без неколкумина, но немаме оправдување. Очекувам во четврток машка и цврста борба што ќе ни даде поголеми шанси. Мешков сезонава го победи ПСЖ, играше нерешено и со Флензбург, таму Сташ Скубе е лидер на екипата. Имаат 16 играчи на секоја позиција. Сериозен противник против кого треба сериозно да пристапиме. Оваа сезона ова 6. место би било заслужено, имавме неколку несреќно загубени натпревари, и кога ќе сумираме групна фаза треба да бидеме задоволни и да се спремите за осминафиналето- изјави Алушовски.

Натпреварот утре ќе започне од 18:45 часот во С.Ц. Јане Сандански.