Генерацијата 2006 на ФК Вардар стигна и до вториот триумф на контролните натпревари. Вчера на теренот на Академијата успеавме да ја победиме генерацијата 2005 на ФК Работнички. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 5:2 во корист на вардарци.
На полувреме, нашите млади надежи имаа водство од 3:0, со два гола на Марко Николовски и еден на Алтин Алији. Во вториот дел паднаа уште четири голови, по два во двете мрежи. За Вардар стрелци во овој дел од мечот беа Стефан Коловски и Михаил Танчев.
Тренерот Милан Коцески го стартуваше овој натпревар со следниве 11-сетмина: Данстак, Ајетовиќ, Јанкоски, Спасовски, Порчу, Лефковски, Миовски, Нуредини, Величковски, Николовски и Алији.