После одигрување на вчерашните натпревари, кои беа последни во групата А и Б, познати се сите осмина-финални двојки во Лигата на Шампионите. Познато е дека Вардар за противник го има тимот на Веспрем, а најинтересно треба да биде на дуелот меѓу Пик Сегед и Кил.
Вака изгледаат осмина-финалните парови во ЛШ:
Мотор Запорожје – Брест Мешков
Елверум – Барселона
Порто – Алборг
ППД Загреб – Фленсбург
Нант – Киелце
Вардар – Веспрем
Пик Сегед -Кил
Целје -ПСЖ
Во случај, Вардар да го елиминира тимот на Веспрем, во 1/4 финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот на Нант и Килеце.