ЖРК Вардар уште еднаш ја совлада Стружанка за седум дена, овој пат во 1.коло во 2021 година. Денес во Јане Сандански девојките на Ристова, Хмирова и Царчев, потешко од минатиот пат победија со 25-22.
Ние отворивме фуриозно и поведовме со 5-1 на оваа средба, со голот на Костовиќ Ангела во 11.минута. Игравме добро во одбраната, Грујовска Симона забележа неколку интервенции во почетните минути сето тоа ни донесе комотна предност. Игравме гол за гол па ја чувавме предноста од четири гола до 19.минута кога поведовме со 8-4 преку Трпевска Ивона. Противникот покажа заби и ја преполови предноста на само два гола (9-7). Со два гола предност влеговме во последнте 60.секунди (13-11), во напад погоди Костовиќ, Грујовска одбрани во последната секунда кога шутнаа гостинките со звукот на сирената.
На одмор заминавме со резултат 14-11. Вториот период започна со погодок на гостинот кој повторно се врати на два негатива (14-12), ние со погодоците на Диневска, Стефаноска и Трпевска и со интервенци на Илиќ поведовме со 17-13. Противникот постојано ја напаѓаше нашата предност, на моменти доаѓаше до два негатива и имаше обиди да дојде на минимално заостанување. Сепак не успеаа ниту да дојдат на еден минус, ние ја исконтролиравме средбата и остваривме победа. Победата дојде со три гола повеќе, на семафорот стоеше 25-22 по 60.минути ракомет.
Блескава партија имаше Трпевска Ивона која погоди дури 9.пати, Костовиќ Ангела (100% учинок 4/4) и капитенот Диневска Бојана имаа по 4.гола. Галевска Марија стрелаше во 3 навртати, по два гола имаа Стојановска Михаела и најмладата во тимот Сара Стефаноска.
Вардар имаше расположени голмани, девојките на Царчев денес сопреа 43% од упатените удари (15/35). Во првиот дел Грујовска Симона имаше 7.одбрани, во вториот период сличен учинок имаше Илиќ, нашиот голман одбрани 8.удара.