Фудбалерите на Вардар продолжуваат да се подготвуваат за саботниот натпревар против Шкендија. Откако шампионот на Македонија тренираше во селото Марино кое се наоѓа во Општина Илинден, денес ,,црвено – црните” ќе имаат тренинг на терените на Фудбалската федерација на Македонија.
Поради корона вирус на тренерот Никола Илиевски – Џиџи, денес од 15 часот тренинг ќе одржат неговите помошници, а прв стратег во сабота ќе биде Златко Таневски.
Пред Вардар стои уште еден искучително тежок испит пред еднонеделната пауза што следи. Дуелот на Вардар и Шкендија треба да се одигра во сабота со почеток од 15.00 часот.