Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Моцарт Бет Македонија ќе донира во ФК Вардар

Моцарт Бет Македонија ќе донира во ФК Вардар

fb_img_1616078674977

Моцарт Бет Македонија објави убава вест за донација во ФК Вардар. Во информацијата се вели:

На трибините одамна не одекнува „ајде ајде Вардаре“, но постои начин да се даде голема поддршка – со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб во наредниот период, компанија Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено – црните“, кои се борат со тешка финансиска ситуација!

Mozzart Bet Makedonija се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар, а не е важно како ќе типувате, важно е само да го имате одиграно натпревар на Вардар на вашиот тикет. Играј, играј за Вардар!
Прва прилика да се помогне на Фудбалскиот Клуб Вардар е веќе во сабота, на 20 март од 15:00 часот, кога „црвено-црните“ на свој терен jа дочекуваат Шкендија. Дуелот од 24. коло на ПМФЛ со лидерот во шампионатот ќе биде голем предизвик за актуелниот шампион, кој во моментов е на осмата позиција на табелата и се наоѓа во лоша форма.

Оваа акција е добра шанса играчите да почувствуваат поддршка од своите навивачи во овие тешки моменти, а што повеќе тикети има со овој натпревар, износот на донацијата на Mozzart ќе биде поголем.