Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Од Марино, вардарци денес на терените на ФФМ
Од Марино, вардарци денес на терените на ФФМ

Од Марино, вардарци денес на терените на ФФМ

Фудбалерите на Вардар продолжуваат да се подготвуваат за саботниот натпревар против Шкендија. Откако шампионот на Македонија тренираше во селото Марино кое се наоѓа во Општина Илинден, денес ,,црвено – црните” ќе имаат тренинг на терените на Фудбалската федерација на Македонија.

Поради корона вирус на тренерот Никола Илиевски – Џиџи, денес од 15 часот тренинг ќе одржат неговите помошници, а прв стратег во сабота ќе биде Златко Таневски.

Пред Вардар стои уште еден искучително тежок испит пред еднонеделната пауза што следи. Дуелот на Вардар и Шкендија треба да се одигра во сабота со почеток од 15.00 часот.