Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Куп: ЖРК Вардар во 1/2-фин. со Чаир, РК Вардар го доби Тиквеш
Куп: ЖРК Вардар во 1/2-фин. со Чаир, РК Вардар го доби Тиквеш

Куп: ЖРК Вардар во 1/2-фин. со Чаир, РК Вардар го доби Тиквеш

Денес, во просториите на РФМ се одржа ждрепката за четирите групи во фазата на 16 најдобри екипи во машкиот дел од Купот на Македонија.

Одредени се полуфиналните парови во групите. Победниците во првите дуели, ќе играат меѓу себе за пласман на „фајнал-фор“ турнирот на Купот. Подредени во четири шешири, носители и сите под нив според пласманот во првата полусезона, беа распределени во четири групи.

Групите за Купот:
Група А: Металург, Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт КЛ7, Работнички
Група Б: Еурофарм Пелистер, Пролет 62, Прилеп,
Група В: Вардар 1961, Тиквеш, Радовиш, Астраион Хендбол
Група Г: Охрид, Бутел, Струга, Јуниор Кисела Вода.

Со извлекување на редни броеви, веднаш беа одредени и паровите во четирите групи, па така се направи и потенцијалниот пат до Ф4 турнирот на најуспешните екипи.

Парови во четирите групи:
Група А: Еурофарм Пелистер 2 – Металург, Работнички – Голден Арт КЛ7
Група Б: Пролет 62 – Прилеп, Младост 1977 – Еурофарм Пелистер
Група В: Атраион Хендбол – Радовиш, Вардар 1961 – Тиквеш 2014
Група Г: Бутел – Јуниор К.В, Струга – Охрид

По четвртфиналните групи во Купот на Македонија, најдобрите четири екипи ќе пристапат на „фајнал-фор“ турнир, преку кој ќе се добие шампионот за оваа сезона.

Кај дамите се влечеше ждрепка за Ф-4 турнирот, ЖРК Вардар го доби најпосакуваниот противник од сите три, екипата на Чаир. Натпреварите од женскиот Ф4 се играат на 8 и на 9 мај, а за местото каде ќе се играат ќе се знае дополнително. Вака изгледаат полуфиналните двојки:

*Вардар-Чаир

*Куманово-Металург