Жрк Вардар Јуниор ја оствари осмата победа во супер лигата и така го задржи стопроцентниот ефект во првенството. Најнова “жртва“ за избраничките на Симе Симовски, беше екипата на Куманово која замина од Ј. Сандански со убедлив пораз. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 44:25, во корист на младите Вардарки. Во текот на целиот натпревар имавме постојано водство, кое ниту во еден момент не беше загрозено. На полувреме заминавме со предност од 20:12.
Во текот на вторите 30 минути само ја зголемувавме оваа предност, која достигна и до двоцифрена разлика. Тренерот им даде шанса за настап на сите ракометарки, кои беа на располагање за овој меч. Со овој триумф црвено-црните се вратија на првото место во најсилната супер лига.
Најефикасна беше Марија Прленда која постигна 8 гола. Ангела Тодоровска, Наташа Нолевска и Сара Митова додадоа по 6 погодоци.
Жрк Вардар Јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда 8, Петровска 1, Трпковска 5, Георгиевска 1, Николовска 1, Митова 6, Тодоровска 6, Нолевска 6, Велкова, Трајчевска, Џини 3, Керамичиева 3, Мишевска, Гичевска 4.