Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните го одржаа последниот тренинг пред утрешниот дерби натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер. Верните Комити направија свое шоу на трибините, давајќи му поддршка на својот миленик пред утрешниот дуел, кој е важен во борбата за шампионската титула во Македонија.
Комити му се заблагодарија и на Иван Чупиќ кој ги игра последните два месеци во црвено-црниот дрес. После пет сезони, Чупиќ го напушта Вардар и се сели во ППД Загреб. Чупиќ со Вардар успеа да освои две Европски титули, како и голем број на други трофеи.