Иако повеќе не е дел од клубот, срцето на Игор Карачиќ засекогаш ќе остане вардарово. После високата победа во дербито со екипата на Еурофарм Пелистер, на својот инстаграм профил се обрати еден од милениците на Комити, кој им ја честиташе победата на својот поранешен клуб. Карачиќ е легенда на Вардар, кој покажува дека и понатаму го следи клубот со настапите и редовно ги честита големите успеси на тимот.