Со мечот против кратовски Силекс заврши првата етапа од македонската прва фудбалска лига за црвено-црните. Вардар како лидер ја заврши есенската полуетапа со 43 бода со осетна претност од 5 бода пред второпласираната екипа на Шкендија. Нашите стрелци се број еден во лигата имаме 40 погодоци колку и Шкендија, но нашите голови донесоа повеќе бодови. Тие голови беа дело на 14 различни фудбалери кои стрелаа во овие есенски 18,кола во ПМФЛ. Број еден е Блажевски кој прекрасно ја почна сезоната, а подоцна “заспори“ со решетање на противничките мрежи. Листата на стрелци изгледа вака :
- Блажевски – 8 гола,
- Ивановски- 7 гола,
- Ромеро-4 гола,
- Дашјан-3 гола,
- Хоф-3 гола,
- Филипе-3 гола,
- Стојков-3 гола,
- Љамчевски-2 гола,
- П.Петковски-2 гола,
- Асани, Грнчаров, Попов, Спировски и Мијушковиќ стрелаа по еднаш ова есенска полуетапа во првата лига по еднаш во противничките мрежи.