По повод турнирот на новинари кој се одржува во спортскиот центар Јане Сандански, покана за настап доби и фудбалскиот клуб на Вардар во генерација родени “2006“ година. Учествуваат уште четири други екипи. Избраниците на Кралевски ќе атакуваат на освојување на нов турнир, што ќе биде за нив четврти во низа.
Вечерва црвено-црните го одиграа првиот натпревар, против екипата на Фамос и забележаа триумф. Конечниот резултат гласеше 2:0. Стрелци на головите беа Дамјан Крстевски и Никита Патаовски. Нашите млади надежи одлично се снајдоа во салата и на паркет, иако подлогата од вештачката е сосема различна. На овој дуел Вардарци влегоа ослабени без играњето на Дарко Сековски и Давор Лефковски. Сепак тоа не претставуваше проблем за избраниците на Кралевски да ја впишат првата победа. Одличен на голот беше Андреј Данчевски, подржан од дефанзивната линија со Дамјан Крстевски и Драган Јанкоски. На средината на теренот настапија Максим Цониќ и Никита Патаровски. Офанзивната линија ја сочинуваа Милош Спасовски, Давид Голубов и Михаил Николов. Момците се сметаат за голем потенцијал, кои треба во иднина да прераснат во вистински професионални играчи.
Утре на програмата е големото финале на турнирот против екипата на Кул, со почеток од 16:00 часот. Очекуваме ново добро издание на нашите момци и продолжување на победничката серија од младинските турнири.
Вардар на овој дуел настапи во следниот состав: Андреј Данчевски, Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски, Михаил Николов, Михаил Танчев, Максим Цониќ, Милош Спасовски, Никита Патаровски и Милош Проковиќ.