Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Нема кој може да ги сопре, Жрк Вардар јуниор победи повторно овој пат совладани Овче Поле
Нема кој може да ги сопре, Жрк Вардар јуниор победи повторно овој пат совладани Овче Поле

Нема кој може да ги сопре, Жрк Вардар јуниор победи повторно овој пат совладани Овче Поле

Нема екипа во македонската женска ракометна конкуренција која може да застане на патот на нашите млади вардарки од екипата на Жрк Вардар јуниор. Tие денес издвојуваа уште една суперлигашка победа. Девет меча имаат девојките во досегашниот дел од сезоната и исто толку пати од мечевите однесоа “цел плен“. Денес во малата сала при С.Ц. Јане Сандански го победиjа тимот на Овче Поле со резултат 33-23.

Младите ракометарки предводени од Симе Симовски денес во мечот со “фенерџијата“ од Свети Николе влегоа на почетокот преtпазливо, па гостинките поведоа минимално со резултат 3-4 на почетокот. Нашите девојки до полувреме успеаа да преземат водството и да ја зголемат својата предност . На одмор заминиавме со  4 позитива, резултаот на семафорот гласеше 14-10. Нашите девојки иако играа со комбиниран состав континуирано ја зголемуваа својата предност во текот на вторите 30 минути, нашите девојки на крајот победија со двоцифрена предност од 32-23.  Трпковска и Тодоровска беа во редовите на црвено-црните девојки најрасположени за постигнување на погодоци во противничката мрежа. По ова коло Вардар е лидер со 27 бода и со идеален скор од 9/9.

Вардар јуниор: Белмезова, Прленда 2, Петровска 1, Трпковска 5, Георгиевска 2, Николовска 4, Митова 2, Ладева, Тодоровска 5, Нолевска 3, Велкова 1, Трајчевска 1, Џини 2, Керамитчиева, Мишевска 2, Гичевска 3.