Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Есенска“ листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски лидер

“Есенска“ листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски лидер

Со мечот против кратовски Силекс заврши првата етапа од македонската прва фудбалска лига за црвено-црните. Вардар како лидер ја заврши есенската полуетапа со 43 бода со осетна претност од 5 бода пред второпласираната екипа на Шкендија. Нашите стрелци се број еден во лигата имаме 40 погодоци колку и Шкендија, но нашите голови донесоа повеќе бодови. Тие голови беа дело на 14 различни фудбалери кои стрелаа во овие есенски 18,кола во ПМФЛ. Број еден е Блажевски кој прекрасно ја почна сезоната, а подоцна  “заспори“ со решетање на противничките мрежи. Листата на стрелци изгледа вака :

  1. Блажевски – 8 гола,
  2. Ивановски- 7 гола,
  3. Ромеро-4 гола,
  4. Дашјан-3  гола,
  5. Хоф-3  гола,
  6. Филипе-3  гола,
  7.  Стојков-3  гола,
  8. Љамчевски-2  гола,
  9. П.Петковски-2  гола,
  10. Асани, Грнчаров, Попов, Спировски и Мијушковиќ стрелаа по еднаш ова есенска полуетапа во првата лига по еднаш во противничките мрежи.