Заврши есенскиот дел од детската фудбалска лига за нашите генерации. Тоа не ги спречува Вардаровите генерации да одиграат пријателски натпревари, за да ја одржуваат формата и победничкиот карактер.
Фк Вардар генерација “2004“ која ја предводи тренерот Филип Арсовски денес на теренот во Ѓорче одиграа пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П. Мечот заврши со убедлива победа на црвено-црните, со конечен резултат од 0:5. Уште по првиот дел, беа јасни работите за конечниот победник. Во воој период од играта Вардарци имаа солидно водство од 0:3. Пет различни играчи во нашиот состав се запишаа во листата на стрелци. Горазд Попов, Стефан Стојановски, Димитар Стоимов, Георг Стојановски и Теодор Перковски успешно стрелаа во противничката мрежа. Се играа две полувремиња, по вкупно 30 минути игра.
Интересно е тоа што ова беше братски дуел на тренерите во двете екипи. На едната страна беше Филип со Вардар и Мартин Арсовски на другата, со екипата на Македонија Ѓ.П. На крајот Мартин мораше да биде тој што го честиташе триумфот на својот брат. Утре нашата генерација ќе отпатува за Штип, каде исто така ќе одигра контролен меч со екипата на Брегалница.