Во недела во С.Р.Ц. Кале ќе се одигра третото натпреварувачко коло во “Вардар Јуниор“ лигата. Специјално изненадување за сите дечиња кои настапуваат во оваа лига, ќе бидат дел од големите ракометни ѕвезди на Жрк Вардар. Андреа Лекиќ, Сања Дамњановиќ, Андреа Пенезиќ, Маја Сокач, Андреа Човиќ, Барбара Лазовиќ, Ина Суслина, Ања Алтхаус, Алена Ихнева и Сара Ристовска ќе бидат присутни утре на Кале да ги проследат натпреварите од “Јуниор лигата“.
Нивното присуство сигурно дека ќе биде од големо значење за младите и талентирани деца, но и стимул и поттик за докажување. Натпреварите ќе започнат од 11 и ќе траат се до 17 часот.