Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Седум ракометарки на Вардар, со своите репрезентации се пласираа во 1/8 на светското ракометно првенство во Данска
Седум ракометарки на Вардар, со своите репрезентации се пласираа во 1/8 на светското ракометно првенство во Данска

Седум ракометарки на Вардар, со своите репрезентации се пласираа во 1/8 на светското ракометно првенство во Данска

Седум ракометарки на Жрк Вардар, кои се дел од своите репрезентации на светското ракометно првенство во Данска, се пласираа во 1/8 рунда.

Радичевиќ, Кликовац и Грбиќ со репрезентацијата на Црна Гора завршија на првото месо на табелата во групната фаза. Вчера во последното коло од група беа поуспешни од домаќинот Данска, совладувајќи ги со резултат 23:21. Ниту 12.000 домашни навивачи не беа пречка за Црнагорките да ја забележат четвртата последователна победа на ова натпреварување. По стартниот нерешен резултат против Србија, избраничките на Аџиќ во следните дуели против Унгарија, Јапонија, Тунис и Данска не дозволија никакво изненадување. Радичевиќ повторно блескаше во победата против Скандинавките, постигнувајќи 6 голови. Во составот се најдоа уште Кликовац и Грбиќ кои не се запишаа во листата на стрелци. За противник во 1/8 ја добија селекцијата на Ангола, против која не би требало да имаат поголем проблем за триумф и пласман во следната рунда.

Најголемо изненадување на ова ракометно првенство е сигурно репрезентацијата на Русија, која на големи врати се враќа во светскиот врв. Избраничките на популарниот Трефилов ја завршија групата со максимални пет победи и на првото место. Репрезентации како Норвешка, Шпанија и Романија, на крајот “потклекнаа“ пред Русинките. Олга Черноиваненко и Татјана Хмирова се дел од Руската селекција на овој мундијал. Вчера тие ја победија Романија, а нашите Вардарки постигнаа по еден гол. Во 1/8 Русија за против ќе ја има “незгодната“ селекција на Јужна Кореја.

Сираба Дембеле и Амандин Лејно со репрезентацијата на Франција, исто така обезбедија место во најдобрите 16 екипи. Групата ја завршија како второпласирани, зад селекцијата на Бразил од која вчера загубија со еден гол разлика. Франција имаше три победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Шпанија ќе биде пречката за нив, до патот за 1/4.