Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар, т.н.р. “Јуниор лига“ во која се натпреваруваат ракометните школи од цела Македонија, за сега успешно се изведува и реализира. Во “Вардар Јуниор“ лигава се натпреваруваат повеќе од 20 ракометни школи, кои се дел од академијата на Вардар. Меѓу нив е и ракометниот клуб Илинден Вардар, чии тренери се Александра и Дарко Јанев кој е поранешен играч на Мрк Вардар.
-Добра замисла од страна на Вардар за да се направи-реализира една ваква лига, која што навистина беше потребна во нашата држава. Одлична идеја од ракометниот клуб на Вардар е што се реализираше лигата, поготово за клубовите кои не се толку финансиски јаки, да можат да издржат да се натпреваруваат во сите лиги во државата.
Веќе се одиграа две кола во оваа лига. Тренерот на женскиот тим Александра ги искажува своите задоволства од севкупната организација.
Презадоволни сме од овие две недели, од самото тоа како течат сите работи. Се почнува точно на време, децата си имаат обезбедено превоз кој што ги зема и ги враќа . Условите за играње се на највисоко ниво, се игра во Јане Сандански и Кале , салите се топли се е чисто и преубаво. Само да кажам дека децата ги имаат најидеалните услови за играње. Децата се многу задоволни од лигата, пресреќни , и секојдневно ме прашуваат Ане ајде кога ке играме , кога ке имаме повторно натпревар. Исто така многу се среќни од тоа што ги фотографираат, сликите ги објавуваат на фб и тука има многу позитивни коментари. Децата стекнуваат и многу нови пријателства , дружба , се развива во нив уште повеќе натпреварувачкиот дух.
Рк Илинден Вардар има свои екипи кои се генерации родени од “2002“ до “2005“ година во женскиот тим. Машкиот тим предводен од Дарко Јанев се натпреварува со две свои екипи генерации “2000-2001“ и “2002-2003“.
-Јас од мојот тим сум презадоволна , имам деца од сите категории освен од 2006 и помали. Ние тренерите нели секогаш велиме дека можат и повеќе, но тоа е спортот некогаш ке победуваме , некогаш ке губиме. Уште е почеток на лигата , сега за сега е добро, ке ги видиме понатака како ке се покажат, изјави Александра Јанев за Вардар фанс.
Михајло Тушевски