Пред Вардар е предизвикот наречен Вардар и пласман во следната елиминациска рунда од Лигата на Шампионите. Утре во С.Ц. Јане Сандански, ќе се судрат добро познатите противници и ривали, кои ќе се обидат да стигнат до 1/4 финалето на ЛШ.
Вардар и Веспрем добро се познаваат од изминативе сезони преку настапите во ЛШ, но и оние во СЕХА-лигата.
Што се однесува до меѓусебните соочувања во ЛШ, двете екипи имаат одиграно вкупно 9 натпревари. Веспрем има подобар скор во дуелите со црвено-црните, забележувајќи дури шест победи, еден дуел завршил со нерешен резултат, додека Вардар има две победи.
Две победи, од кои една можеби и најзначајна против оваа екипа. Вардар во големото финале на ЛШ во 2019 година го победи токму Веспрем, освојувајќи ја на тој начин и втората Европска титула.
Ова се сите меѓусебни дуели на Вардар и Веспрем во ЛШ.
Сезона 2014/15 ( групна фаза)
Вардар – Веспрем 23:24
Веспрем – Вардар 32:24
Сезона 2015/16 ( 1/4 финале)
Вардар – Веспрем 26:29
Веспрем – Вардар 30:30
Сезона 2018/19 ( групна фаза)
Вардар – Веспрем 27:29
Веспрем – Вардар 25:27
Сезона 2018/19 ( ФИНАЛЕ)
Вардар – Веспрем 27:24
Сезона 2019/20 ( групна фаза)
Вардар – Веспрем 29:38
Веспрем – Вардар 39:30