Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2006 на Вардар ги победи репрезентативците од ген. 2007, додека ген.2007 го загуби дуелот
Генерацијата 2006 на Вардар ги победи репрезентативците од ген. 2007, додека ген.2007 го загуби дуелот

Генерацијата 2006 на Вардар ги победи репрезентативците од ген. 2007, додека ген.2007 го загуби дуелот

Вчера на терените на ФФМ, пријателски натпревари со Академијата на ФФМ составена од играчи родени 2007 година одиграа генерациите 2006 и 2007 на ФК Вардар. На овие дуели, нашите млади надежи остварија половичен успех од една победа и пораз.

167658763_10219305808658170_5269025537836551785_n

Најпрво својот натпревар го одигра генерацијата 2006 на Вардар против првата постава на репрезентативците од 2007. На овој дуел поуспешен беше тимот на Вардар, предводен од Милан Коцески, кој славеше победа со резултат 3:1. Интересно сите голови на натпреварот беа постигнати во првиот дел од натпреварот. Марко Николовски беше играчот кој успеа да го отвори резултатот на 1:0, додека со погодокот на Алтин Алији имавме и водство од 2:0. Академијата на ФФМ успеа да постигне гол и да намали на 2:1, но во последната минута од првото полувреме, Вардар ја врати позитивата од два гола, преку Алтин Нуредини, кој зголеми на 3:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој интересен дуел.

168148287_10219305808778173_3451033756949840555_n

Вардар: Данстак, Ајетовиќ, Јанкоски, Спасовски, Порчу, Миовски, Величковски, Николовски, Нуредини, Лефковски, Алији.

Играа уште и Краљевски, Крстевски, Цониќ, Николов, Танчев и Љатифи.

167848895_10219305809818199_7787046038834269097_n

Генерацијата 2007 на Вардар добро се држеше на дуелот со Академијата на ФФМ од истава генерација, но на крајот го загуби натпреварот со конечен резултат од 0:3. По првото полувреме резултатот гласеше 0:0, а во вториот дел паднаа сите голови ви нашата мрежа.  Во првиот дел Исајлоски Даниел одбрани неколку зицери, помеѓу кој и пенал кој го одбани „жива“. Имавме и ние свои периоди на добра игра, кога можевме да го загрозиме противничкиот гол. Наскоро повеќе фотогафии од оваа средба.

167816584_10219305809898201_3559006149062638210_n 167661344_10219305814578318_1445830152660925512_n

Вардар: Исајловски, Смиљков, Шерифи, Б.Садики, Поповски Крстевски, Блажевски, Рајчин, Ќерими, Јордановски, Бериша.

Влегоа и Спасовски, Б.Исмаили, Котевски, А.Исмаили, Е.Садики.

167632027_10219305815378338_6770911868352025421_n