Фудбалерите на Вардар им се враќаат на домашните натпревари по репрезентативната пауза. Одново пред Вардар стои сериозен испит и дерби натпревар, овој пат во Битола кај тимот на Пелистер.
Вардарци веќе немаат право на киксови и редно време е да почнат да победуваат. Нашиот тим оваа пролет нема ниту една единствена победа. Можеби е време за тоа токму оваа недела.
И на дуелот во Битола, тренерската функција во Вардар ќе ја извршува Златко Таневски, поради тоа што Џиџи сè уште не е опоравен од корона вирусот.
Дуелот на Пелистер и Вардар се игра во недела од 15.00 часот.