Александар Игески застанува на голот на Вардар и за прв пат оваа сезона ќе започне како стартер. Воедно ова ќе биде и деби настап во дресот на Вардар за него во ПМФЛ, откако оваа сезона доби шанса само во Купот на Македонија.
Илиќ поради пет жолти картони ќе паузира, а ова е шанса за Игески дополнително да се наметне. Добрата вест е што вардаровиот голман имаше повреда на прстот на раката, но повредата е веќе минато и ќе може утре да застане на голот на нашиот тим.
Инаку дуелот на Пелистер и Вардар утре, се игра со почеток од 15.оо часот.