Македонскиот фудбал ќе продолжи да игра и покрај зајакнатите рестриктивни мерки, кои од утре стапуваат на сила со полициски час од 20 часот, па така првата и втората лига ќе продолжат, но во друг термин, односно три часа порано, од 13.00 часот.
Вардар во следното коло ќе гостува во Кратово кај екипата на Силекс. Ова ќе биде исклучително значаен дуел на тимот во борбата за опстанок.
Оваа промена на саатницата ќе трае до 20 април најмалку.